АБА лига: Цедевита победи во „Јане Сандански“

МЗТ го забележа шестиот последовен пораз, вкупно девети во 13-от натпревар во регионалната АБА лига. Во неделата, македонскиот шампион загуби од Цедевита со 65:70.

Image36

 

МЗТ ја имаше контролата врз натпреварот речиси 25 минути, кога дојде и довцифрена предност, но до крајот на третиот период, гостите од Загреб со серија од десет поени целосно се вратија во натпреварот.

Играчите на Алеш Пипан не се снајдоа против зонската одбрана на Цедевита, која во последните три минути од натпреварот со нова серија, овој пат од осум поени го реши победникот.

Дреновац со 18 иЛуковиќ со 13 поени го предводеа МЗТ, додека Билан со 14 поени и 10 скокови беше најдобриот играч на Цедевита.

МЗТ со овој пораз се наоѓа при дното на табелата, односно заедно со Цибона и Сутјеска ја е на делба од 12-та до 14-та позиција. Цедевита е втора на табелата со десет победи и три порази.

Екипата на МЗТ во наредното коло, на 12.декември, ќе ја пречека Олимпија.