АБА: Црвена ѕвезда избори финале

Кошаркарите на Црвена ѕвезда ќе ја бранат титулата во АБА лигата, откако изборија пласман во финалето. Белградскиот тим во полуфиналето ја елиминираше Цедевита со 2-0, откако во вторникот го доби вториот меч во Загреб со 73:65.

Image

Вториот меч од полуфиналната серија беше тежок за двата тима, бидејчи одиграа далеку под своето ниво. Цедевита и Црвена ѕвезда наизменично правеа серија на грешки, а потоа и погодуваа во серија.

Црвена ѕвезда до победата ја однесе Владимир Штимац, кој го режираше пресвртот на својот тим во третата четвртина.

Штимац мечот го заврши со 17 поени и шест скокови, Квинси Милер сите поени, вкупно 14 ги постигна во второто полувреме, а Стефан Јовиќ постигна 10 поени.

Кај Цедевита целиот тим беше под очекуваното ниво, Џејкоб Пулен постигна 17 поени (2/9 за три), а Немања Гордиќ реализираше 13 кошеви, седум од нив во завршните две минути.

Црвена ѕвезда во финалето за противник ќе ја има екипата на Мега Лекс, која претходно славеше над Будуќност со 2-0.