Адел не им дозволува на политичарите да ја користат нејзината музика

Британската пејачка Адел објави дека никому не му дозволува да ја користи нејзината музика за политичка кампања.

Image

Портпаролот на Адел објави соопштение откако на настапите пред партиските предизбори во американската сојузна држава Ајова на кандидатот за републиканската претседателска номинација Доналд Трамп бил емитуван нејзиниот хит „Rolling in the Deep“, додека сега веќе истиснатиот од трката Мајк Хакаби се користел со песната „Hello“ на YouTybe.

„Адел не дозволила нејзината музика да се користи во политичките кампањи“, изјави портпаролот во соопштението. Не објаснува дали пејачката, чијшто албум „25“ минатата година беше најпродаваниот на светот, ќе преземе некои законски мерки за да се спречи неовластеното користење на нејзината песна.

Адел не е единствената поп-рок ѕвезда чиишто песни политичарите неовластено ги користеа за своите потреби.

Пејачот на групата R.E.M., Мајк Стип, сериозно се налути на Доналд Трамп кога овој на еден собир ја употреби неговата песна „It’s the End of the World As We Know It” и му порача да „о….“ од неговата музика.

A Франки Саливен се жалеше дека неговиот голем хит од 1982 година „Eye of the Tiger“ пред неколку месеци е користен на прес-конференцијата на Кин Дејвис, матичарката од сојузната држава Кентаки којашто одби да склучува еднополови бракови и поради кршењето на законот накусо заврши во затвор.