Азаренка преку Серена до титулата во Индијан Велс

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка ја освои титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Азаренка во финалето славеше над Серена Вилијамс си 6:4, 6:4.

Image

Белорусинката ја освои 18-та титула во кариерата, но ова беше нејзин прв трофеј по пауза од речиси три години, кога во 2013 година славеше во Синсинати.

Серена, која го забележа четвртиот пораз од Азаренка, во нивниот 21-ви меѓусебен дуел, загби бидејжи лошо ги користеше своите брејк шанси.

На најновата ВТА листа, која ќе биде објавена в понеделник, Серена ќе остане на првото место, додека Азаренка по подолго време ќе се врати во Топ 10.