Американските полицајци во 2015-та смртно застрелале околу илјада луѓе

Американските полицајци во 2015 година фатално застрелале околу илјада цивили, се наведува во студијата изработена од весникот The Washington Post.
Image

Според податоците до четвртокот, 24-ти декември, вкупниот број на жртвите на полициското насилство или прекумерна употреба на сила во САД изнесувал 965 цивили, од кои 564 во моментот на конфликт со полицијата биле вооружени со пиштол, кај други 281 имало оружје од друг вид, и 90 лица биле невооружени.

Според весникот, главниот тренд за полициското отворање оган била расната  нетрпеливост. Така, и покрај тоа што афроамериканците се само 6 отсто од вкупното население во САД во 2015 година, дури 40 отсто од жртвите на полициската бруталност се токму невооружените црни Американци, покажува базата на податоци на весникот. Во повеќето случаи, пак, кога полицаец отворил оган и смртно застрелал човек кој го нападнал со некој вид оружје, напаѓачот бил белец, а енормно е помал и бројот кога лицата со заканувачко однесување биле црни или хиспаноамериканци.

Весникот го започнал проектот во кој се следат извештаите за жртвите од полициски оган во 2015 година по убиството за кое е обвинет белиот 26-годишен полицаец Дарен Вилсон  го застрела 18-годишниот невооружен афроамериканец Мајлк Браун во Фергусон, предградие на Сент Луис, по што започнаа низата протести и безредија ширум САД за многу слични случаи