Американско гратче на референдум ќе го менува „бесрамното“ име на улица

Гратче во американската сојузна држава Мејн годишно троши стотици долари за да ги замени украдените ознаки на една улица па одлучи преку референдум да утврди дали сограѓаните се расположени да се промени името на улицата „Кејти Кроч“ (Katie Crotch) бидејќи ова име и презиме на англиски јазик се подразбира како „меѓуножјето на Кејти“.

Image

Никој не знае од каде потекнува името на улицата, но според локалните медиуми, градската управа на Ембден веќе по вторпат за четири години ќе се обиде да го промени името од Katie Crotch Road во Cadie Road, а одлуката би требало да биде донесена кон крајот на седмицава.

Членот на градската управа Чарлс Тејлор за The Huffington Post вели дека таблите со името на улицата се крадат со толкава брзина што досега секоја студентска соба на територијата на државата Мејн веќе би требала да има по една табла.

Градските власти во 2012 година веќе се обидоа да организираат референдум и да го сменат името на улицата во Katie Road, но тој пропадна и името на улицата кој звучи како вулгарно потсмешлив прекар и натаму ги забавува туристите.

Весникот пишува дека властите на Ебеден можеби би требало да се потпрат на искуството на австриското мести Фукинг (Fucking) каде што откако не успеа преименувањето во Фугинг (Fugging), таблата со името на гратчето е поставена на забетонирани челични столбови или, пак, на британскиот град Шитертон (Shitterton) каде името на градот го издлабија во камена грамада тешка една тона.