Андре Гомеш сепак заврши во Барса

Барселона забележа огромна победа на трансфер-пазарот откако каталонскиот гигант доцна синоќа успеа да го договори доаѓањето на Андре Гомеш на „Камп ноу“. Триумфот на каталонскиот гигант е толку голем ако се земе во предвид фактот дека голем фаворит за потпис на овој играч беше Реал Мадрид, „кралевите“ во изминатата седмица се откажаа од Погба и вниманието целосно го насочија кон Португалецот, кој на крајот сепак заврши во редовите на нивниот лут ривал.

andre-gomes-615x400

Валенсија инсистираше на отштета од 65 милиони евра, како „план Б“ барајќи од Реал некој од младите играчи на овој тим, Хесе, Ковачиќ или Асенсио. „Кралскиот клуб“ ја одби оваа варијанта, а целата ситуација ја искористија на челниците на Барселона, кои експресно го комплетираа трансферот. Валенсија веднаш ќе добие 35 милиони евра, плус уште 20 што ќе се исплаќаат преку најразлични клаузули, а згора на тоа „лилјаците“ ќе го добијат и дефанзивецот Монтоја, на чии услуги Луис Енрике ионака не смета сериозно.

Андре Гомеш лани одигра извонредна сезона во дресот на Валенсија, што беше препорака летово за неговите услуги да се заинтересираат неколку европски гиганти. На крајот, тој потпиша за Барселона, но јасно е дека таму ќе го очекува тешка битка за место во првиот тим, со оглед на фактот дека трите позиции во средниот ред беа „резервирани“ за Бускетс, Иниеста и за Ракитиќ, крај кои шанси чекаат Арда Туран, Рафиња, Серхио Роберто, како и младиот Денис Суарез, кој летово се врати на „Камп ноу“ од редовите на Вилјареал.

превземено од ekipa.mk