Анкара ги повика Турците да го напуштат Ирак

Владата во Анкара во средата и повија своите граѓани коишто се наоѓаа во Ирак да ја напуштат оваа земја поради безбедносни причини.

Image
„Нашето предупредување се однесува на сите ирачки покраина освен Дахук, Ербил и Сулејманија“, коишто се наоѓаат во курдската автономна област на северот од Ирак, се наведува во соопштението на турското министерство за надворешни работи.

Советувајќи им на Турците да не патуваат во покраините Наџаф, Анбар и Киркук, турската дипломатија додава дека „силно има советува на оние чијшто престој не е неопходен, да ги напуштат тие подрачја што е поскоро можно“.

Турските власти го оправдуваат овој апел за своите државјани со неодамнешниот пораст на зголемен број закани за турските компании „и изјави кои поттикнуваат на насилство, терор и грабнуваа“.

Не е јасно дали заканите коишто ги споменува турското министерство потекнуваат од екстремната сунитска група Исламска држава која контролира големи области во соседен Ирак, од забранетата во Турција Работничката партија на Курдистан (PKK), којашто исто така има бази на ирачка територија. Или станува збор за реакција на зголемените тензии на релација Багдад – Анкара, откако минатата седмица турски тенковски баталјон влезе на ирачка територија во близина на градот Мосул, кој  е под контрола на џихадистите.

Ирак бара итно повлекување на турските војски од неговата територија и се закани со преземање на „сите можни чекори“ осудувајќи го турското „кршење на суверенитетот“.

Меѓутоа, Анкара и покрај овие предупредувања во четв