Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје, во петок, во 11 часот, на плоштад „Македонија“, за сите училишта, градинки и деца на град Скопје, традиционално ја организираат манифестацијата „Априлијада“ – Скопје се смее.
Во дневниот дел од забавата со маски, ќе учествуваат многу кловнови, ќе има балони, песнички, игри, забава со секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, децата од Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.
Ноќната забава ќе почне во 21 часот, на плоштад „Македонија“ ќе настапат: Пиреја –Етно бенд, Коста Костовски, Кристина Арнаудова,Сашо Гигов –Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, групата The noise makers, маскирани посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, а за крај Диџеј