Апсолутни победници на Златен глобус 2016 Леонардо ди Каприо и „The Revenant”

Апсолутен победник на 73. доделување на филмските награди е филмот „The Revenant”, додека главниот актер во него, Леонардо ди Каприо е најдобар актер.

Image

Филмот „The Revenant”, според изборот на странските новинари во Холивуд освои награда за најдобра драма. Најдобар режисер и најдобар актер.

Џулиен Мур, која ја доделуваше наградата за најдобар актер, најмногу се израдува на Лео ди Каприо, кој за улогата во „The Revenant” е прогласен за најдобар. Според критиќарите, тоа беше и очекувано.

Но, малкумина очекуваа дека филмот„The Revenant” ќе ја освои наградата за најдобра драма, и за најдобар режисер. Всушност, режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту, втора година по ред освојува награда најдобар режисер, откако на ланското доделување на наградите ја зеде наградата со филмот „Birdman”.

Филмот на Ридли Скот, „Марсовец“ ја освои наградата за најдобра комедија, во кој главната улога ја игра Мет Дејмон, кој пак доби награда за најдобар актер во комедија.

Најдобра актерка во драма е Бри Ларсон, за нејзината изведба во филмот „Room“, додека за во комедија наградата за најдобра главна женска улога по трет пат ја освојува Џенифер Лоренс за „Joy“. За најдобра споредна машка улога наградата беше доделена на Силвестер Сталоне за неговата репризирачка изведба како Роки Балбоа во филмот „Creed“. Најдобар анимиран филм освои фаворитот на повеќето наградувачки кругови, филмот на Пиксар „Inside Out“, додека наградата за најдобар филм од странско говорно подрачје ја зеде унгарскиот филм „Son of Saul“.

Најдобар актер во телевизиска серија е Гаел Гарсија Бернал за серијата на Амазон „Mozart in the Jungle”, а Арон Соркин доби Златен Глобус за најдобро сценарио за филмот „Steve Jobs”.

Кејт Винслет се закити со награда за најдобра споредна улога во филмот „Steve Jobs”.
За најдобар актер во драмска серија награден е Џон Хам за серијата „Mad Men”, додека Таражи П. Хенсон освои најдобра главна женска улога во драма серија за нејзината изведба како Куки во „Empire“. Наградата за најдобра главна женска улога во комедија или мјузикл серија ја доби актерката Рејчел Блум за серијата „Crazy Ex-Girlfriend“, додека за најдобра споредна женска улога ја освои Мора Тирни за „The Affair“.

Во категориитеза мини-серија или филм за телевизија, главната награда ја освои исто така речиси непознатата серија на PBS „Wolf Hall“, додека за најдобра главна женска улога зема Лејди Гага  за улогата во „American Horror Story: Hotel“. Наградата за најдобра машка улога му беше доделена на актерот Оскар Ајзак  за неговата изведба во мини-серијата на HBO „Show Me A Hero“.

Еден многу значаен момент беше доделувањето на наградата „Сесил Б. ДеMил“ (Cecil B. DeMille) за животно дело која му беше врачена на актерот Дензел Вашингтон  од страна на неговиот колега од филмот „Philadelphia“ Том Хенкској изјави дека името на Вашинготн несомнено се наоѓа меѓу имињата на најдобрите актери и актерки во филмската историја.
Доделувањето на наградите  Златен глобус се вовед во наградите Оскар, па најчесто победниците на ова доделување, ги освојуваат и Оскарите.