Асад: Со Палмира започнува падот на Исламската држава

Командата на сириската армија објави дека во неделата заедно со локалната милиција „Пустинските соколи“ целосно ја преземала групата над градот Палмира, остварувајќи победа за којашто претседателот Башар ал-Асад вели дека претставува почетокот на крајот на екстремната сунитска организација Исламска држава.

Image

Во соопштението објавено на сириската телевизија, армијата наведува дека враќањето на контролата над Палмира од Исламската држава, која го зазема градот познат како „Пустинската невеста“, покажува дека сириската војска и нејзините сојузници се единствените сили во земјата способни да го поразат тероризмот во Сирија. Притоа, еден од главните команданти на сириската армија, генералот Самир Сулејман, ја истакна важната улога на Русија, односно нејзиното воздухопловство, во ослободувањето на Палмира.

Во соопштението на армијата коешто го пренесува агенцијата SANA, се наведува дека таа заедно со своите сојузници и со помош на сириските и руските воздушни сили, ќе ја продолжи својата кампања против Исламската држава, Џебхат ан-Нусра (сириското крило на Ал Каеда) и другите терористички групи. Претходно сириската влада сите вооружени сунитски групации, кои се борат за нејзино соборување, вклучително и оние кои Западот ги означува како „умерен“, ги подразбираше како „терористички групи“

Војската, исто така, изрази решителност во продолжувањето на борбата против Исламската држава и да ги протера сите нејзини припадници од нивните упоришта во Рака и Деир-ез-Зор, по успехот во Палмира.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад освојувањето на Палмира од Исламската држава го нарече „важен подвиг“.

Разговарајќи со француските парламентарци кои се во посета на Дамаск, Асад рече дека „ослободувањето на историскиот град Палмира претставува важен подвиг“, како и дека тоа претставува „нов доказ за ефикасноста на стратегијата на сириската војска и нејзините сојузници во војната против тероризмот, во споредба со недостатоците кои ги има коалицијата која ја предводат САД“ во борбата против Исламската држава.

Неговиот главен сојузник, рускиот претседател Владимир Путин телефонски му честитал за ослободувањето на Палмира, истакнувајќи дека е особено важно да се зачува овој историски град за светската култура.

Џихадистите, имено, поставиле во античкиот град Палмира кој се наоѓа на листата на УНЕСКО на светско културно наследство ги минирале објектите кои не ги урнаа досега, а Путин ветил дека во разминирањето на теренот ќе помогнат и руските воени стручњаци.

„Путин уште еднаш истакна дека без разлика на повлекувањето на главниот дел од рускиот воен контингент во Сирија, вооружените сили на Русија и натаму ќе им помагаат на сириските власти во борбата против тероризмот и во ослободувањето на нивната земја од екстремистичките групации“, изјави за медиумите портпаролот на рускиот челник, Дмитриј Песков.

Додаде дека Асад во телефонскиот разговор „дали висока оцена за помошта кои ја дале руските војски и исто така додал дека таквите успеси, како ослободувањето на Палмира, би биле невозможни бед поддршката на Русија“.