Барселона на три бода од титулата

Фудбалерите на Барселона се на победа од одбрана на титулата во Премера, откако во претпоследното коло го декласираа градскиот ривал Еспањол (5:0). Во последното коло, покрај Барса, шанса за освојување на титулата има и Реал, кој славеше над Валенсија 3:2, додека Атлетико со поразот кај Леванте 2:1, ги загуби шансите за титулата и првенството најверојатно ќе го заврши на третото место.

Image (1)

Барселона немаше тешка задача против Еспањол, иако по првиот дел имаше минимална предност со голот на Меси. Во второто полувреме, два гола постигна Суарез и стигна до бројката од 37 голови во Примера, а катастрофата на Еспањол ја надополнија Рафиња и Нејмар.

Реал, во дербито ја победи Валенсија 3:2. Роналдо и Бензема постигнаа два гола во првите половина час, потоа Родриго го намали резултатот во 55.минута, а четири минути подоцна Роналдо погоди за 3:1. До крајот на мечот Гомес го намали водството на Реал, а Родриго доби црвен картон поради неспортско однесување.

Атлетико, гостуваше кај Леванте кој веќе испадна од лигата поведе преку торез по 100 секунди игра, но до крајот на мечот домажинот направи пресврт и победи.

Барселона на врвот има 88 бодови, еден повеќе од Реал, додека Атлетикое е трет со 85. Во последното коло Барселона гостува во Гранада, Реал во Ла Коруња, а Атлетико ќе ја пречека Селта.

макфакс