Богдановски: Рекордот го посветувам на жртвите од поплавите во Македонија

Анастасија Богдановски оствари државен рекорд при својот настап на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро, а македонската пливачка овој резултат го посвети на жртвите од поплавите во Скопје.

Bogdanovski-znamenosec

И во ова време на возбуда и радост, моето срце и моите мисли се насочени кон жртвите од поплавите во Скопје и нивните семејства. Нивната несреќа е поголема од мојот успех. Затоа јас го посветувам мојот нов државен рекорд на жртвите и нивните семејства“ – напиша Богдановски на својот фејсбук профил.

Анастасија Богдановски настапи во дисциплината 200 метри слободно, остварувајќи време 2:00.52 минути, што беше доволно за 33 место во конкуренција на 42 пливачки.