Борко го предводи тимот на колото во ЛШ

Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски, пружи уште една блескава партија во дресот на Рајн Некар. Ристовски со десет одбрани го предводеше германскиот тим до победата во Загреб (24:23), во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите.

Image

Брилијантниот настап во Загреб на Ристовски му го донесе местото во идеалниот тим по првите осминафинални мечеви во Лигата на шампионите.

Покрај Борко Ристовски, во тимот на колото е и неговиот соиграч од Рајхн Некар, левото крило Уве Генсхајмер, потоа левиот бек на Кјелце Михал Јурецки, средниот бек на Висла Марко Трибокија, десниот бек на Фленсбург, Јохан Јакобсен, десното крило на Загреб Златко Хорват и пикерот на Веспрем, Ренато Сулиќ.