Бугарија забрано носење бурка на јавно место

Софија, 30 септември, 2016 – 12:53 (META) 
burka

Бугарскиот парламент денеска ја поддржа забраната за прикривање лице на јавни места. Според усвоениот закон, никој не смее да го прикрива лицето на јавно место, а во случај на кршење на законот, предвидена е казна од 100 евра за првиот прекршок, до 750 за секој следен.

Казнените одредби нема да се применуваат доколку е неопходно таквата облека да се носи во случај на здравствени проблеми, вршење професии, во рамки на спортски, културни, образовни и слични настани, во верски објекти и кога тоа законски е одлучено поинаку.

Пред почетокот на дебатата за законот, пратениците од партијата на бугарските Турци – Движење за права и слободи предложија законот да не се разгледува во парламентот, бидејќи, според нив, остава можност за „реваншизам“, радикални и нездравите сили да бараат повод за одмазда“.

Во повеќе европски земји во изминатите месеци беше забрането носење бурка, за да се зголеми контролата за превенцијата од исламистички напади.

Во Бугарија, околу 13 отсто од граѓаните се од муслиманска вероисповед и претставува земја со најмногу муслимани во ЕУ.