Веселин Вујовиќ го напушта кормилото на ППД Загреб

vardar-zagreb-vujovic-615x400

Четвртиот пораз во низа за ППД Загреб во рамки на Лигата на шампиони е пресуден за промена на тренерската позиција на овој клуб. Лошата форма, недисциплината во нападот и некарактеристичните потези на колективот се дел од причините поради кои тренерот на „плинарите“ Веселин Вујовиќ смета дека соодветно решение би било разделба со клубот.

„Изгледа дека негував илузии за тоа дека може да направиме нешто повеќе, а очигледно тоа не беше реално. Променивме неколку работи во текот на неделата, работевме напорно, но не вроди со плод. Тоа не е екипата која ја познавам бидејќи од оваа екипа не добив ни интензитет, ниту желба ниту борбеност која ја имавме порано. Разочаран сум бидејќи рпавевме банални грешки. Некои работи ги повторив сто пати, но не допреа до играчите. Ако не се усвои тоа што го гледам како излез од кризата не гледам смисол да останеме заедно“ – истакна Вујовиќ за тамошните медиуми што хрватскиот портал „Гол“ го искористи за да најави тренерска смена во клубот од Загреб.

По четири одиграни кола во групата Б, ППД Загреб е на дното на табелата без победа, а во наредното коло го пречекува македонскиот шампион Вардар кој е непоразен.

ekipa.mk