Вест Хем го одигра последниот меч на „Болин Граунд“

Фудбалерите на Вест Хем на спектакуларен начин се простија од стадионот „Болин Граунд“, на кој им беше дом цели 112 години и на кој одиграа 2.398 натпревари. Вест Хем, со пресврт, го победи Манчестер Јунајтед (3:2). Од следната сезона Вест Хем ќе игра на Олимпискиот стадион во Лондон.

Image (8)

Натпреварот на „Болун Граунд“ доцнеше 45 минути, бидејќи навивачите на Вест Хем, пред стадионот, го нападнаа автобусот во кој беа фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

На теренот, Вест Хем, доминираше од првата до последната минута, додека Јунајтед свои моменти имаше само на почетокот на второто полувреме. Вест Хем упати 19 удари кон противничкиот гол, од кои осум одеа во рамките на голот, додека Јунајтед само три пати се закани, два од тие три удари завршија зад грбот на Рендолф.

Агресивната игра му донесе водство на Вест Хем веќе во десеттата минута, Де Хеа го совлада Сако. До крајот на полувремето две „мртви шанси“ пропуштија да реализираат Керол и Паје.

По шест минути игра, единствената вистинска акција на Јунајтед во гол ја претвори Марсијал за 1:1. Истиот играч во 72.минута ги шокира навивачите, кога соло акцијата ја претвори во водство 1:2.

Вест Хем се врати во мечот по само четрири минути, кога асистенцијата на Паје, во гол ја претвори Антонио. Брилијантниот Паје му асистираше и на Рид во 80.минута, кога беше поставен конечниот резултат 3:2.

Манчестер Јунајтед со овој пораз пропушти голема шанса да го обезбеди четвртото место на табелата. Јунајтед остана на 63 бода, два помалку од Манчестер Сити кој е на четвртото место. Вест Хем е на шестата позиција со бод помалку од Манчестер Јунајтед.

Во последното коло Вест Хем ќе гостува кај Стоук, а Јунајтед ќе го пречека Борнмут.

макфакс