ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува амандманите од прочистувањето на Избирачкиот список

ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на Избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија  (ДИК) ја подготвила, соопшти владејачката партија.

Image

„ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги преземе сите неопходни активности за спроведување фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера“, се вели во соопштението на партијата.

Претходно и ДУИ, ја прифати во целост методологијата на ДИК за прочистување на Избирачкиот список.