Репрезентацијата на Република Ирска се пласира на Европското првенство, откако во возвратниот меч од баражот ја совлада Босна и Херцеговина со 2:0. Првиот натпревар пред три дена кој се одигра во Зеница забрши без победник 1:1.
Ирците го слават Џоната Волтерс кој беше стрелец на двата гола. Првиот гол го постигна од пенал во 24.минута, откако Зукановиќ играше со рака, а вториот во 70.минута по грешката на Врањеш.
Ирските репрезентативци пред своите гледачи одиграа далеку подобро од противникот, на кого не му дозволија позериозно да се закани. Босанците првиот директен удар кон ирскиот гол го имаа во 92.минута кога Ибушевиќ ја погоди гредата.
Ирска во Франција трет пат ќе учествува на европските првенства, во претходните две учества, во 1988 и 2012, не ја минаа првата фаза. Од друга страна БиХ, втор пат не успеа да го мине баражат за пласман на ЕП.
Последните две репрезентации кои ќе учествуваа на ЕП ќе бидат познати во вторник, кога реваншите ќе ги одиграат Словенија и Украина (0:2), односно Данска и Шведска (1:2).
макфакс