Во Белгија уапсени две лица, осомничени за планирање напади во Брисел

Белгиската полицијата уапсила две лица, осомничени за планирање на терористички напади во Брисел, пренесуваат светските медиуми.

Image

Телевизијата RTL навела дека уапсените сакале да организираат напади на „прометни локации“ во престолнината на Белгија.

Антитеростичката рација од страна на на белгиската полиција била организирана во Брисел, провинцијата Лиеж и регионот Брабант, ноќта меѓу неделата и понеделникот. За време на операцијата биле приведени шест лица, од кои четворица подоцна биле ослободени.

Според наодите од истрагата, уапсените не биле во директна врска со терористичките напади кои кон средината на ноември се случија во Париз.

Претходно, холандските медиуми пренесоа сознанија од безбедносните служби дека полицијата стравува од напади кои би можеле да се случат на централниот бриселски плоштад, кој секојдневно е преполн со туристи.