Во деветтата деценија Софија Лорен во козметичка кампања

Славната италијанска актерка Софија Лорен има 81 година и повеќекратна баба, но сé уште изгледа како за пропагандна кампања за козметички линии, а нејзиниот потфат е спотот за италијанската модна марка „Dolce&Gabbana“.

Image
„Нешта како ова сé уште може да се случат… Јас на некој начин сум безвремена и ми се допаѓа да можам и натаму да работат. Сé ме интересира“, вели Софија Лорен во интервјуто за миланскиот дневен весник Corriere della Sera.

Лорен и порано се појави во кампања на „Dolce &Gabbana“, за црвилото за усни „Sophia Loren No1“. „Шминкањето е згодна работа којашто ги забавува жените“, вели италијанската филмска икона.

Новиот спот го режирал италијанскиот режисер Џузепе Торнатор познат по хитот „ „Cinema Paradiso“, а музиката за спотот ја компонирал Енио Мориконе, прославен и наградуван за многу европски и холивудски филмови, како на пример „Беше еднаш на Дивиот запад“.

Софија Лорен, добитничка на Оскар со неодолив сексапил, се прослави во 1950-те и се вбројува меѓу најголемите актерски ѕвезди од тој период живеејќи и играјќи со ѕвезди како Гери Грант, Клерк Гејбрл или Марчело Мастројани.