Во напад на универзитет во Пакистан, 20 мртви

Најмалку 21 лице, меѓу кои најмногу студенти, се убиени, а 30 се ранети во напад на универзитет на северозападот на Пакистан.

Image

Според полицијата, операцијата против напаѓачите е завршена, а бројот на жртви на овој терористички напад е зголемен на 21, јави AFP, пренесувајќи изјава од регионалниот шеф на полицијата, Саед Вазир.

Меѓутоа, тој не прецизира дали меѓу жртвите се и четирите напаѓачи кои ги убила војската.

Според неговите зборови, акцијата е завршена и безбедносните сили во моментот ја расчистуваат областа.

Како што се наведува, повеќето убиени во студентстиот дом на универзитетот се млади момчиња.

Според Russia Today, постојат непотврдени извештаи дека пакистанските талибани ја презеле одговорноста за нападот.

Агенциите јавија дека меѓу убиените е и професор, а полицаецот Тарик Кан вели дека универзитетот е нападнат непосредно по отворањето во утринските часови во градот Чарсада, на околу 50 километри од Пешевар.

Нападнатиот универзитет е „Бача Кан“, кој го добил името по антиталибанската политичка партија.

Агенциите потсетуваат дека во напад на талибаните на училиште во Пешевар, во декември 2014 година, убиени се повеќе од 150 луѓе, поголемиот број беа деца.

Универзитетот има 3.000 студенти, а денеска таму биле 600 луѓе, бидејќи требало да се одржи фестивал на поезијата.

BBC наведува дека пред неколку дена повеќе училишта во Пешевар биле затворени поради стравување од екстремистите кои подготвувале напади.