Во Средоземјето откриени остатоци од египетскиот авион

Откриени се остатоци од авионот на египетската воздухопловна компанија „EgyptAir“ кој минатиот месец исчезна на Средоземното Море , објавија во четвртокот египетските иследници.

Image

Авионот од типот „Airbus A320-232“ на летот од Париз во Каиро се урна со 66 патници и членови на екипажот, меѓу кои 40 Египќани и 15 Французи, откако исчезна од радарите во моментот кога го напуштал грчкиот и само што навлегол во египетскиот воздушен простор, во сé уште неразјаснети околности.

Остатоци од авионот во Средоземното Море беа локализирани на 19-ти мај „на неколку главни места“, соопшти египетското комисија којашто ја води истрагата.

Бродот „John Lethbridge“, кој комисијата го изнајми за пребарување на морското дно, ќе направи мапа на местата на коишто се најдени остатоците, додаваат од истрагата.

Претходно месецов беше регистриран сигнал од една од ткн „црни кутии“ од авионот, коишто, како што предупредуваат експертите, ќе ги емитуваат сигналите до 24-ти јуни.

Причината за падот на авионот сé уште не е позната. Не е исклучен терористички напад, но одговорноста за уривање на леталото не го презема ниедна екстремистичка организација.

Аналитичарите истакнуваат дека причина за тоа би можело да биде техничка или човечка грешка. Сателитските податоци укажуваат дека во тоалетот и на електричните водови се активирал детекторот за чад, неколку секунди пред губењето на сигналот. Не е позната причинат за појавата на чад, но се појавија информации за дефекти на овие уреди кои кревајќи лажен аларм ги терале пилотите да изведуваат ризични маневри.

Според грчката истрага, авионот прво се накосил за 90 степени налево, а потоа за 360 степени во десно, понирајќи од височина од 11.300 метри на 4.600 метри, а пота на 3.000 метри пред да исчезне од радарите.