Германија забележа рекорден буџетски суфицит

Германија во 2015 година забележува рекорден буџетски суфицит, со „солиден и рамноправен“ раст на економските активности, објави во вторникот државниот завод за статистика.

Image (5)

Вкупниот буџетски суфицит во 2015 година изнесуваше 19,4 милијарди евра, „што е во апсолутен израз најголем износ од обединувањето“ во 1990 година, се наведува во соопштението на Destatis.

 

Искажаниот удел на суфицитот во БДП изнесува 0,6 отсто, пресметаа статистичарите.

 

Во 2014 година, Германија оствари вишок од 8,9 милијарди евра, односно 0,3 отсто од БДП. Со тоа германските јавни финансии две години по ред заклучија во плус.

 

Според прописите на еврозоната, членките не смеат да бележат дефицит помал од три отсто од БДП, односно суфицит поголем од шест отсто од БДП.

макфакс