Германија и Франција ја одбија Полска за „Вајмарскиот триаголник“

Формата на трилатералната соработка меѓу Франција, Германија и Полска, таканаречениот Вајмарскиот триаголник е „потрошен“, оцени во средата полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски.

Image
„Разговарав со германскиот министер (за надворешни работи Франк-Валтер) Штајнмаер и со поранешниот (француски) министер Лорен Фабиус за обновувањето на Вајмарскиот триаголник, но не беа заинтересирани“, вели шефот на полската дипломатија Витолд Вашчиковски ви разговорот за дневниот весник Gazeta Wyborcza.

„Таа формула е потрошена“, заклучува полскиот дипломат.

„Триаголникот беше важен во времето на нашето влегување во Европската унија“, што се оствари во 2004 година, оцени Вашчиковски тврдејќи дека Полска „сакаше да се врати на таа формула“.

Оваа платформа која во август 1991 година во Вајмар, две години по падот на Берлинскиот ѕид и една година од обединувањето на Германија и распадот на Советскиот сојуз, ја создадоа тројцата тогашни министри за надворешни работи, Французинот Ролан Дима, Германецот Ханс-Дитрих Геншер и Полјакот Кшиштоф Скубишевски, требаше да нагласи во регионот дека овие три земји имаат слична претстава за европската иднина. Овој неформален форум овозможуваше да се поттикне германско-полското помирување благодарејќи на француско-германското искуство.

Иако во текот на постоењето неретко запаѓаше во кризи, оваа платформа за политички дијалог, сепак, овозможи организирање десетина самити на шефовите на трите држави, многубројни министерски средби и програми за трилатерална соработка во сферите на одбраната, науката и културата.

Во 2014 годна министрите на Вајмаркиоттриаголник, Лорен Фабиус, Франк-Валтер Штајнмаер и Радослав Сикорски, посредуваа во февруари во Киев во преговарањето за решавање на кризата меѓу тогашниот претседател Виктор Јанукович кој се согласи со предлозите за менување на претседателскиот систем во Украина и распишување предвремени претседателски избори, но тој договор премолчено од Франција, Германија и Полска беше изигран од тогашната украинска прозападна опозиција и Јанукович беше нелегално сменет, по што започнаа протестите во мнозински рускојазичните региони во југоисточна Украина што доведе до отцепувањето на полуостровот Крим и војната во Днобас.

По овој дипломатски дебакл, Вајмарскиот триаголник веќе не одржа средба во ниедна форма.