Германскиот вицеканцелар ја предупреди Саудиска Арабија за финансирање на исламистите

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел побара од Саудиска Арабија во неделата да престане да ги поддржува верските радикали во периодот на сé поголемата загриженост меѓу политичарите во Берлин поради тоа што најголемиот светски извозник на нафта ги финансира милитантните џамии на европскиот континент.

Image33
Социјалдемократскиот коалициска партнер на канцеларката Ангела Меркел. Зигмар Габриел истакна дека „не можеме повеќе да се правиме дека не гледаме, бидејќи тоа време минало“.

Габриел истакна дека Саудиска Арабија ги финансира вехабитските џамии ширум светот и дека тие институции се познати по тоа што го шират екстремизмот. Оваа блискоисточна земја, регионален сојузник на САД и Западот, изобилува со вехабитски школи на сунитскиот ислам, коишто според Габриел се идентични со „севкупната идеологија“, на екстремната сунитска терористичка организација Исламска држава.