Годишнина од нападот на „Шарли ебдо“

Францускиот претседател, Франсоа Оланд на годишнината од нападот на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ откри спомен плоча на просториите каде се наоѓаше редакцијата на весникот со што започна одбележувањето на годишнината од терористичкиот напад на редакцијата на весникот.

Image

Оланд, во придружба на градоначалничката на Париз, Ан Идалго, исто така положи и венец под спомен плочата на којашто се впишани имињата на 11-те жртви на терористичкиот напад.

Спомен плочите се поставени и на местото каде екстремистите убија еден полицаец и во кошер ресторан каде беа убиени четворица Евреи.

Во нападот пред една година загинаа вкупно 17 луѓе. Сатиричниот неделник ја одбележува годишнината од нападот на редакцијата со насловна страница на којашто е прикажан човек со брада кој го претставува Бог со калашников преку рамото и со натпис
„Една година подоцна, убиецот е се уште тука“.

Милион примероци на специјалното издание се низ киосците, а десетици илјади ќе бидат дистрибуирани во САД.