Големиот Сем во корупциски скандал

Селекторот на Англија, Сем Алардајс беше вмешан во корупциски скандал, откако новинари-соработници на британскиот весник „Дејли Телеграф“ решиле да го откријат вистинското лице на селекторот на „Гордиот Албион“.

Новинарите, кои се преставиле како азиски бизнисмени, разговарале со тренерот. Алардајс се согласил да ги употреби своите врски за да им помогне на „бизнисмените“ да добиваат процент од трансферните зделки на англиските клубови. А за услугата „Големиот Сем“ побарал 400,000 фунти. Стратегот исто така им ветил дека ќе направи се што во негова моќ да се заобиколат правилата на Фудбалската асоцијација според кои трети страни немаат право да држат трансферни права на фудбалери.

Средбите на Алардај со лажните бизнисмени се одржувале во Сингапур и Хонгконг, пред тој да биде назначен за селектор на англиската репрезентација. Соработниците на весникот ги доставиле овие разговори до ФА која ќе покрене истрага.