Го сретнавте ли вистинскиот?

Дали на сите мажи кои се појавиле во вашиот живот им наоѓавте мани? Секогаш нешто фалело? Никогаш не сте биле потполно задоволни? Жените често ги категоризираат мажите и кога некој го ставаат во категорија пријател, никогаш не сакаат да ја преминат границата на пријателство. А што ако некој од вашите пријатели е тој „вистинскиот“?

21-men-in-love-210812

Доколку после некое време сфатите дека за пријателот чувствувате многу повеќе од пријателство, односно дека имате знакови на сексуална привлечност, време е да размислите. Дали се лутите кога во неговиот живот се појави друга жена? Ги помните ли сите комплименти кои ви ги дал? Дали не боли неговата критика? Сите овие се знаци дека има нешто повеќе помеѓу вас, освен пријателството.

Кога на крај сте сфатиле дека ви се допаѓа, време е да дознаете дали и вие му се допаѓате. Обрнете внимение на неговото однесување, па ако приметите дека е нервозен додека седи покрај вас или ако ви се јави после пропаднат состанок или ако ви купи совршен подарок за роденден, бидете сигурни дека и нему не му е сеедно кога е во ваша близина.

Сега кога конечно сте сфатиле дека и вие му се допаѓате, време е нешто да направите околу тоа. Но, бидете внимателни, за да не го расипете вашетопријателство кое веќе сте го изградиле. Најдобро би било да го повикате на пијалок и да му кажете што чувствувате према него.