Шест победи ги делат кошаркарите на Голден Стејт од поставување на апсолутен рекорд според бројот на победи порази во регуларниот дел од сезоната, во НБА лигата. Изминатата ноќ, која ја обележа победата на Хјустон над Кливленд, откако „ракетите“ имаа 20 поени негатива, актуелните шампиони го совладаа Вашингтон 102:94.
На осум натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната Голден Стејт има 67 победи и само седум порази и во последните осум мечеви на овој тим му се потребни шест победи за да го соборат рекордот на Чикаго 72-10 од сезоната 1995/96.
Голден Стејт до 67-та победа го предводеа Стеф Кари со 26 поени (6/8 за три) и Дрејмонд Грин со 15 поени, 16 скокови и девет асистенции. Вашингтон го забележа четвртиот пораз во низа, најефикасен во поразот беше Бредли Бил со 17 кошеви.
Хјустон успеа да надополни негатива од 20 поени и на крајот да слави над Кливленд 106:100. Кливленд, кој овој меч го одигра без најдобриот играч Леброн Џејмс, на почетокот на вториот дел стигна до предност од 20 поени, но не успеа да победи.
Џејмс Харден 18 од своите 27 поени постигна во последната четвртина, а триумфот на Хјустон му го обезбеди Тревор Ариза кој на 17 секунди до крајот на мечот постигна тројка. Кајри Ирвинг во отсуство на Џејмс со 31 поен и осум асистенции го предводеше Кливленд.
Францускиот репрезентативец Николас Батум блескаше во победата на Шарлот над Филаделфија 100:85. Батум мечот го заврши со 19 поени и по 12 скокови и асистенции. Шарлот има скор 43-31 и се наоѓа на шестата позиција во Источната конференција.
Чикаго во драматичен меч славеше над Индијана 98:96. Победникот го реши Џералд Батлер кој на нецели четири секунди до крајот на мечот постигна тројка. Чикаго до победата го предводеше Никола Миротиќ со 28 поени и 10 скокови.
Детроит, благодарение на играта во третиот период (25:9), славеше над Оклахома 88:82, додека Орландо го декалсираше Бруклин 139:105.