Дамаск го прифати руско-американскиот договор за примирје

Сириските власти се согласни со условите за примирја што ги договорија САД и Русија за прекинување на борбените дејствија, доколку напорите на владините сили во борбата со терористичките џихадистички групи Исламска држава и Џебхат ан-Нусра (сириското крило на Ал Каеда) и другите терористички групи продолжат, беше објавено во вторникот.

Image (9)

Покрај тоа, како што известува сириската државна агенција SANA повикувајќи се на соопштението на владата во Дамаск, властите се подготвени да ги координираат дејствијата со руските партнери на одредени територии каде што ќе бидат запрени воените операции, како и бунтовничките групи кои се вклучени во ова примирје. Дамаск, исто така, предупреди дека го задржува „правото на одговор“ на прекршувањето на прекинот на огнот од страна на вооружените групи.

Вашингтон и Москва објавија во понеделникот во заедничното соопштение дека примирјето во Сирија стапува на сила во сабота, 27-ми февруари. Прекинот на огнот нема да се однесува на џихадистичките групи Исламска држава и Џебхат ан-Нусра, како другите групи кои се на листата на ОН на терористички организации, беше истакнато во соопштението. Во него се вели и дека страните треба до петок во 12 часот по локално време (11 часот по македонско време) да објават дали се согласуваат со договорот

Високиот комитет за преговори (HCN), кој ги обединува главните сириски опозициски групи, од сунитска провиниенција, „условно“ го прифати примирјето во Сирија. HCN „позитивно ќе одговори на меѓународните напори поради воспоставување примирје“ во Сирија, но додаде дека „неговата согласност е условена“ со прекинот на опсадите на сириските градови кои се под контрола на групите кои влегуваат во составот на Комитетот, доставување хуманитарна помош, запирање на бомбардирањата на цивили, како и ослободување на заробениците.

макфакс