Два меча суспензија за хомофобичниот тренер на Наполи

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Маурисио Сари на две средби во Купот на Италија нема да може да го предводи својот тим поради „хомобофичните и расистичките“ навреди кои ги упатил кон колегата од Интер, Роберто Манчини.

Image

Сари покрај суспензијата е казнет и парично со 20.000 евра, а казна доби и Манчини, тој ќе плати 5.000 евра, поради расправијата со Сари и поради непочитувањето на четвртиот судија.

Фудбалскиот клуб Наполи, поради непримерното однесување на навивачите на мечот со Интер е казнет парично со 15.000 евра.

Инаку, Сари суспензијата ќе ја одработи наредната сезона, бидејќи таа се однесува на натпреварите во Купот на Италија, а Наполи во вторникот беше елиминиран од Интер.