Две Бугарски фаворитки за генерален секретар на О

Директорката на Организација на Обединетите нации за образование, наука и Култура (UNESCO), Ирина Бокова и потпретседателката на европската комисија, Кристалина Георгиева се фаворитки во трката за нов генерален секретар на ОН, но шанси имаат и поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ и шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак, пишува лондонски The Economist.

Image

 

Весникот потсетува дека новиот генерален секретар на ОН треба да биде од источна Европа, а вториот мандат на Бан Ки Мун истекува следната година.

 

Според пишувањето на Economist, САД би сакале на чело на светската организација за прв пат да биде една жена.

 

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е близок со Георгиева и би сакал таа, како негов сојузник да остане во Брисел, но сепак би можел да ја предложи за генерален секретар на ОН.

 

Бокова е поврзана со бугарската опозиција, но има поддршка од дел од владејачката коалиција, која се закани дека ќе се повлече од владата доколку Борисов не ја кандидира за генерален секретар на ОН.

 

Бокова, сепак, ја загуби наклонетоста на САД со залагањето Палестина да стане членка на UNESCO.

 

Останатите кандидати се надеваат дека Георгиева и Бокова меѓусебно ќе се елиминираат, но и тие имаат свои проблеми, наведува Economist.

 

Поранешниот шеф на хрватската дипломатија Весна Пусиќ не може да смета на поддршка на новата влада во Загреб.

 

Кандидатурата на поранешниот претседател на Словенија Данило Турк не предизвика интерес.

 

Министерот за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ има мали шанси и се смета дека цел на неговата кандидатура е добивање на поени за некоја друга функција.

 

Аутсајдер е и поранешниот шеф на македонската дипломатија, Срѓан Керим.

 

Economist оценува дека Јеремиќ има малку подобри шанси, иако на Западот стекнал непријатели противејќи се на независноста на Косово. Јеремиќ неодамна пронајде влијателни сојузници во САД, но мора да ја убеди сопствената влада да го кандидира.

 

Лајчак веројатно ќе биде номиниран доколку сегашната словачка влада повторно биде избрана во март.

 

Доколку САД и Русија не постигнат согласност за некој од овие кандидати, можно е да се појават и нови кандидати во последен момент. Можно е некој од нив и да не бидат до источна Европа, но моментно најмногу шанси имаат кандидатите од Балканот, заклучува Economist.