Девет најлоши причини за да имате секс

Во надеж дека никогаш нема да се најдете во ниедна од овие ситуации, ви донесуваме збир од сите можни бесмислени мотиви за да со некого легнете во кревет.

sexy-e1352135249654

 

Слава

Иако самиот секс со некоја позната личност би ви осигурало и вие самите да станете славни, вдишете длабоко, речете не и преспијте. Зар само толку малку се цените?

Одмазда

Одмаздата најдобро се сервира – со облека на себе. Водењето љубов е многу интимна работа, што значи дека секс со некоја личност може да повреди нечии чувства. Не е важно кому сакате да наштетите, ова дефинитивно не е правиот начин. Вакво нешто не може да ви донесе задоволство, напротив ќе се чувствувате уште полошо. Зар навистина сакате да бидете една од оние личности кои сексот го користат како оружје?

Кариера

Едно истражување покажало дека 15% од жените спиело со своите шефови, а 37% од тие бурни ноќи резултирало со успех во кариерата. Иако сексот со директорот краткорочно можеби би ви осигурало успех, како ќе се носите со тоа ако дознае некој од вашите колеги и престанат да ве почитуваат? Секогаш ќе ве прогонува мислата дека не сте го заслужиле унапредувањето.

Сожалување

Во ред, вие сте добра личност, но тоа не значи дека треба веднаш да легнете во кревет со дечко што ви се расплакал рамото затоа што претходниот ден раскинал со својата девојка. Ако сожалувањето према некого ве возбудува, тогаш сериозно би требало да се запрашате нешто да не е во ред со вас?

Сакате да го преболите бившиот/бившата

Љубовта боли. Повеќето од луѓето кои ќе раскинат имаат чувство дека дошол крајот на светот и се што сакаат е да заборават. Но тоа не оди баш така. Многумина сметаат дека решение на тоа е да имаат секс со некој нов, односно првата личност што ќе им налета. Проблемот во тоа е што, воопшто нема да помогне. Само ќе ги влошите работите, бидејќи ќе ви недостасува се повеќе штом почнете да ги споредувате бакнежите, допирите…

Сакате некој да ве сака

Дури и да сте Казанова и да ги имате совладано сите можни пози од Кама Сутра, сексот со некоја личност нема да ја допринесе за тоа таа личност ве засака или се заљуби во вас. Истражувањата покажуваат дека љубовните романси не завршиле славно ако рано започнале со секс.

Обложување

Големи се шансите да личноста со која сте имале секс поради опклада, кога тогаш да дознае, а тогаш верувајте, нема да бидете во најсјајна ситуација. Ако не дознае, мора да знаете дека во животот се се враќа. Прашање на време е кога тој потег ќе ви се удри од глава. Тоа е карма.

Бегство од проблеми

Сте имале лош ден и све ви е преку глава. Единственото што би сакале да го направите е да испиете неколку пијачки на шанк. Можно е да се запознаете со некој, а и во таква состојба дури и да завршите во кревет, само за да си го разубавите денот. Можеби во тие дваесетина минути секс навистина ќе се почувствувате подобро, но откако ќе пројде задоволството, претходните чувства од кои сакавте да побегнете повторно ќе ви се вратат.

Секс од досада

Од досада, луѓето се здебелуваат и носат грозни одлуки, а една од нив може да биде да имате секс со некого. Сепак, пазете се. Кога спиете со некој, тој некој би можел емотивно да се врзе со вас. Размислите дали воопшто сте спремни за комплицирана иднина?