Делегации положија цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот

Денеска, на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции положија цвеќиња пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што се случи во 1963 година.

Polozuvanje-cveke-26-juli-5

Цвеќиња во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија делегација на Градот Скопје, делегација на Владата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, делегација на Советот на Град Скопје, делегација од Министерството за одбрана, делегации од политичките партии, делегации од сите општини на Град Скопје, делегации од дипломатскиот кор во Македонија и делегации од здруженија на граѓани и од други организации.