Делови од телото кои тој ги обожава

Сигурни сме дека постојат некои делови од телото кои и не ви се допаѓаат многу, но вашиот дечко едноставно ги обожува. Еве како тие гледаат на вашето тело:

underwear-model-photo

Гради
Ретко која жена е воодушевена од своите гради, или се преголеми, премали, некои „висат“, а некои се многу на страна. Мажите секогаш сакаат градите на насловните страни на магазините, но во реалноста не им е толку важна совршеноста. Какви и да се, сепак им се привлечни.

Стомак
Спротивно од врежаното мислење, твојот партнер нема да му биде важно ако имаш или немаш плочки на стомакот. Повеќето мажи признале колку повеќе сакаат кога има за што да ја „фатат“ својата девојка, а стомакот на кој им се гледаат сите мускули не им е баш најдрагата опција.

Задник
Голем, мал, прчест или скоро сосем рамен, нив не им е важно. Јасно е дека би го сакале задникот на Бијонсе, но ако не се многу по облините, тогаш немате причина за незадоволство. Како и со градите, ако имаш барем малку, за нив тоа е доволно.

Нозе
Не мора да бидат долги како на моделите, ниту совршени како на рекламите за депилација. Дури, повеќето мажи признале дека не ни ја приметуваат ногата, дали е совршено издепилирана или избричена. Кога се во кревет со вас, мислите не им одат во тој смер.