Денвер го освои јубилејниот Супербоул

Денвер триумфираше во финалето на јубилејниот 50-ти Супербоул, откако во Санта Клара, славеа над Каролина со 24:10 (10:0, 3:7, 3:0, 8:3). Денвер ја освои својата прва титула по 1998 година, вкупно трета во историјата на тимот.

Image

Финалниот меч во Санта Клара го реши одбраната на Денвер, која во целост го исклучи од игра квотербекот на Каролина Камерон Њутон. Во одбраната доминираа Вон Милер и Демаркус Вер, а овој првиот ја доби наградата за најкорисен играч (МВП) во финалниот меч.

Со оваа титула, втора во кариерата, еден од најдобрите квотербекови во историјата на НФЛ лигата, Пејтон Менинг, заминува во пензија.