Денеска продолжуваат преговорите во Пржино, договор сè уште нема

Денеска во 13.30 часот продолжуваат преговорите на работните групи на политичките партии во Пржино. На средбата се очекува да се разговара за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список.

rezidencija-na-EU-860x680

Без договор, пак, заврши вчерашнара маратонската преговарачка сесија со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав.

Амбасадорот на САД, Бејли, рече дека не е разочаран бидејќи некогаш за да се постигне договор е потребно повеќе време.

– Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да ви соопштам дека е постигнат договор, но можам да ви кажам дека ќе продолжиме со разговорите. Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време – рече Бејли.

 

Скопје, 13 јули, 2016 – 9:38 (META)