Дерик Роуз трејдуван во Њујорк?

Поранешниот МВП во НБА лигата, играчот на Чикаго Булс, Дерик Роуз е трејдуван во Њујорк Никс, пишува US Today.

Image

Како што наведува овој извор, неименуван близок пријател на Роуз ја соопштил информацијата иако трејдот официјално не е објавен.

Покрај Роуз, од Чикаго во Њујорк ќе оди и Џастин Холидеј, додека Булси ќе ги добијат Хозе Калдерон, Робин Лопез и Џеријан Грент.

Роуз кој беше МВП на лигата, во текот на кариерата има проблеми со честите повреди на колената, минатата сезона тој имал просек од 16,4 поени,3,4 скока и 4,7 асистенции.

Дерик Роуз во 2008 година беше прв пик на драфтот.