Десет здравствени придобивки од пивото

Радосна вест за љубителите на пивото: Вашиот омилен пијалок е поздрав од што се мисли.

pivo

Не треба  да ви зборуваме дека умереноста е клучна кога алкохолот е во прашање, а што се однесува на пивото, најдобри резултати се постигнуваат со две чаши или половина литар дневно.

Еве десет причини за радост на своето следно пиво:

1. ГИ ЈАКНЕ КОСКИТЕ

Пивото содрзи високо ниво на силициум, кој е добар за здравјето на коските.

2. ГО ЈАКНЕ СРЦЕТО

Половина литар пиво дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања за 30 проценти, бидејќи го подигнува нивото на „добриот“ холестерол кој спречува запушат артериите.

3. ПОЗДРАВИ БУБРЕЗИ

Научниците од Финска го издвоиле пивото од останатите алкохолни пијалоци, бидејќи откриле дека во значајна мера го намалува ризикот од појава на камен во бубрег.

4. ГО ЈАКНЕ ЗДРАВЈЕТО НА МОЗОКОТ

Во студијата од 2005 година спроведена на 11 илјади постари жени, се покажало дека на тестовите за ментални способности, жените кои пијат умерено постигнувале резултати како да се 18 месеци помлади.

5. ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД РАК

Португалската студија покажала дека месото маринирано во пиво ги намалува канцерогените за 70 отсто, кои се создаваат кога месото се пржи.

6.ГО ПОДИГА НИВОТО НА ВИТАМИНИ

Љубителите на пивото имаат за 30 отсто поголемо ниво витамин Б6 во крвта отколку оние кои не го пијат и двојно повеќе од оние кои пијат вино. Пивото собржи и витамин Б12 и фолна киселина.

7. ШТИТИ ОД ИНФАРКТ

Истражувачите од Харвард откриле дека умерените количини алкохол, вклучувајќи го и пивото, спречуваат згрутчувања на крвта што придонесува до блокирање на крвта да протече до срцето и мозокот и кои го предизвикуваат најчестиот тип на инфаркт.

 8. НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ ОД ДИЈАБЕТЕС

Студијата од 2011 година направена на 38 илјади средновечни мажи покажала дека кај оние кои повремено го зголемуваат внесувањето на алкохол на една до две чаши дневно, ризикот за појава на дијабетес тип 2 се намалува за 25 проценти.

9. ГО НАМАЛУВА КРВНИОТ ПРИТИСОК

Една студија направена на 70 илјади жени помеѓу 25 и 40 години покажале дека пивото е подобро од виното во намалување накрвниот притисок.

10. ДОЛГ ЖИВОТ

Уште во 2005 година е откриено дека оние кои умерено пијат живеат подолго, бидејќи се намалуваат срцевите болести, инфарктот и дијабетесот.