Зајакнете го метаболизмот со само неколку голтки нискокалорична детоксикациска вода. Овој напиток од јаболки и цимет скоро и да нема калории, може да ви помогне во слабеењето и што е најважно, да ви даде многу енегрија.
Состојки:
– 2 големи или 3 помали јаболки
– 2 стапчиња цимет
– 1 стаклено шише со широко грло
– 1 литар обична вода
Подготовка:
Јаболките измиени исечете ги на тенки кришки и ставете ги во шишето. Додадете две до три стапчиња цимет. Состојките прелијте ги со вода, затворете го шишето и оставете го во ладилник да отстои преку ноќ. Водата пијте ја секој ден.
Совет:
Во водата може да исцедите малку сок од лимон, мандарина или портокал.
Кога ќе ја испиете водата состојките повторно прелијте ги со свежа вода и оставете да отстојат како првиот пат.
Истите состојки можете да ги користите дури три пати.