Дик Адвокат, нов тренер на Фенербахче

Елиминацијата од Монако во квалификациите за Лигата на шампионите скапо го чинеше Витор Переира, кој доби отказ од функцијата шеф на стручниот штаб на Фенербахче. Раководството на турскиот гигант беше незадоволно откако Переира ја загуби битката за титулата од Бешикташ, а по неуспехот со Монако стана јасно дека соработката мора да биде прекината, а раководењето со тимот да биде доделено на друг стратег.

dik-advokat-615x400

Изборот за нов тренер падна врз Дик Адвокат, искусниот холандски стручњак кој во последните месеци работеше во фудбалската федерација на оваа земја, за утрово да си поднесе оставка и да тргне на пат кон Истанбул. Адвокат по ланското заминување од Сандерленд најави дека тоа значи и крај на неговата тренерска кариера, но очигледно се премисли откако ја доби понудата од „Фенер“.

Фенербахче е врвен клуб. Добив добра понуда која едноставно не можев да ја одбијам“ – изјави Адвокат, кој своето деби на клупата на турскиот клуб ќе го има на дуелот со Грасхоперс за влез во Лигата на Европа.

Дик Адвокат во текот на својата тренерска кариера водеше десетина клубови од различни земји, а исто така и беше селектор на шест репрезентации (Холандија, Обединети Арапски Емирати, Јужна Кореја, Белгија, Русија и Србија).

ekipa.mk