ДИК ќе се вкрстува податоци од 13 институции за прочистување на Избирачкиот список

Од Управата за јавни приходи, од Фондот за здравство, за пензиско, Народната банка, општините, Државниот завод за статистика, Министерството за внатрешни работи  и други институции, ќе се вкрстуваат податоците за да се направи прочистување на Иизбирачкиот список.

Image

Имено, Државната изборна комисија, во четврток вечер, на седница ја усвои процедурата за користење и обработка на лични податоци при вршење на вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденција.

Се предвидува дека при прочистувањето на избирачкиот список треба да се вкрстуваат податоците од 13 државни институции како Катастар на недвижности, НБРМ, општините, Водовод и канализација, Фондот за здравство, МВР, Фондот за пензиско осигурување, УЈП, Државен завод за статистика и други.

Сепак, за да почнат со конкретна работа на Избирачкиот список од ДИК ја чекаат методологијата што треба да ја предложат политичките партии, потписнички на договорот од Пржино, додека пред неколку дена владејаќките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ соопштија дека ја прифаќаат ов целот предложената методологија на ДИК.

ДИК, исто така, одлучи Милева Христова да го заземе пратеничкото место на Емил Димитриев, кој од 18­ти јануари е премиер на преодната влада.
На кусата седница бил усвоен и извештајот како и одлуката за усвојување на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки за оваа година, кои ќе изнесуваат осум милиони евра, од кои најголемиот дел ќе се потрошат за предвремените парламентарни избори.