Дневен Хороскоп – 07.12.2015

zodiac-signs02

Овен

Денес ќе бидете многу ефикасни и продуктивни, бидејќи сте отворени и спремни за вршење на рутинските работи. Не морате да се докажувате и да бидете фасцинантни. Вашиот импулс ве води да го завршите сето она што сте го започнале. Имате критичко око, па нема да може ништо да ви избега.

 

Бик

Се чувствувате, здраво, витално и силно. Нормално дека ваквото чувство е предуслов за оптимизмот кој е присутен во извршување на сите работни и секакви други обврски. Би можело да се појави опција за кратко патувања. Можност за запознавање нови личности и интересни конверзации со нив.

 

Близнаци

Ако имате приватен бизнис, денес избегнувајте ги инвестирањата. Некои од вас ќе имаат проблем со соработниците, а тоа директно ќе влијае на вашето расположение. Во комуникацијата со партнерот, обидете се да бидете колку што е можно појасни. Немојте да очекувате да ви ги читаат мислите.

Рак

Ќе имате многу идеи како да ги подобрите работите и тоа ќе биде причина да се чувствувате одлично. Во вечерните часови бидете трпеливи, некој ќе ве потсети на нерешените проблеми и заостанатите обврски.

Лав

Нема да ви биде проблем да се покажете во било кој потфат што ќе наумите да го преземете. Ќе бидете задоволни со себе, а и другите ќе го рефлектираат тоа, па со задоволство ќе бидат во ваше присуство. Внимавајте како ги трошите парите, наскоро е можен кусок во вашите финансиски резерви.

Девица

Можностите кои се отвораат пред вас претставуваат вистински пораки кои треба да ви послужат како патоказ. Можеби ќе биде потребно некое време додека ја сфатите важноста на сегашните случувања, а во меѓувреме радосно прифатете ги можностите со отворен ум и доверба.

Вага

Денешниот ден ќе биде спонтан и ќе се развива едноставно. Во поголемиот дел од денот ќе уживате во односите со другите, а посебно групните активности. Но, некој од вашите блиски би можел да го разниша вашето его и да ве натера на конфронтирање.

Скорпија

Покрај тоа што се чувствувате добро и сакате да бидете опкружени со многу луѓе, некои од вас ќе мораат да се грижат за некои членови од семејството, или да држат чувствителна рамнотежа во односот со партнерот. Неочекуваниот флерт ќе ве остави без здив!

Стрелец

Се случуваат некои работи кои ве тераат да ги преиспитате вашите долгорочни цели. Групните дискусии отвораат нови начини во пристапот кон старите проблеми. Заклучоците до кои доаѓате се чинат сосема исправни и рационални – можете безбедно да ги примените во животот.

Јарец

Чувството за ред што е присутно денес, ќе придонесе за вашата организираност и исполнителност. Сакате работите да бидат на свое место и го цените своето време, а тоа ќе ви овозможи да постигнете повеќе. Ќе бидете нагласено луцидни и свесни за одредени работи кои досега не сте ги забележувале или предолго сте ги запоставувале.

Водолија

Денес нема да имате трпение за некои рестрикции. Сакате да ја имате слободата да реагирате и да се однесувате спонтано. Можни се избивања на некои заткулисни настани, кои би можеле да ве затекнат неподготвени. Имајте доверба во своите инстинкти и прилагодувајте се на околностите.

Риби

Вашите емоции се брануваат. Толку многу работи се случуваат во вас, па во еден момент сте егзалтирани, а во следниот се сомневате и чувствувате несигурност. Обидете се да имате поголема доверба во партнерот и избегнувајте ги инфериорните емоции.