Дневен хороскоп – 09.05.2016

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Ова би можел да биде стресен ден, особено ако сте родени во април а имате големи амбиции. Можно е да се наоѓате растргнати помеѓу желбите и реалноста. Она што за вас во моментов е најдобро е да не бидете премногу упорни во докажувањето на правдата и не се надмудрувајте. Очекувајте повик од една Вага во врска со нова работа.

Бик  (21.04 – 21.05)

Ова за вас е ден во кој ќе уживате, ќе се опуштите и нема да размислувате на проблемите. Во вечерните часови закажете ја средбата која долго време ја планирате. Ќе поминете одлично доколку сите ваши размислувања ги поврзете со оптимизмот.

Близнаци  (22.05 – 22.06)

Вашите амбиции се насочени како кон успехот така и кон друштвениот живот, но парите ви создаваат проблеми. Се трудите на најдобар начин да заштедите некој денар, но тоа не се случува. Имате одлична соработка со еден Бик и внимавајте да не ја нарушите.

Рак  (22.06 – 22.07)

Ќе сфатите дека можете да имате многу поголема корист ако се воздржите од глупавите коментари кои на некого му одат на нерви. Една Вага или Шкорпија ќе ве предомислат во намерата да инвестирате во некое ваше хоби. Овој период е одличен за вашето време да го поминете во големо друштво.

Лав (23.07 – 22.08)

Постои можност за мали конфликти со некои Близнаци или Девица. Верувате во планот за остварување на подобри односи со соработниците, но не избрзувајте со потезите. Не полимизирајте со некоја Девица во врска со финансии и инвестиции.

Девица (23.08 – 22.09)

Со задоволство ги трошите парите но не правите реални планови во што да ги вложите. Денес финансиите ќе ви бидат најважни. Внимавајте на големите трошоци што си ги создавате, скратете некој од нив. Некоја Вага ќе побара стручна помош од вас.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе прифатите некои обврски за кои реално не сте подготвени и поради тоа нервозата ќе ве надвладее. Некој ќе посака искрен разговор со вас, но вие нема да најдете време за тоа и поради таа постапка можно е да го загубите кредибилитетот. Постои некое изненадување кое може да биде непријатно за вас.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Иако сте прилично конфузни, преморени и неорганизирани, вие всушност знаете што сакате и што правите. Ќе добиете прилика да разговарате со некој Бик кој ви е доста близок и од него ќе добиете исклучително вредни совети. Послушајте ги, тој има искрени намери. Внимавајте каде, што и пред кого говорите, можно е вашиот муабет да излезе во јавноста.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Одговорете на повикот од личноста која долго време се обидува да стапи во контакт со вас. Без оглед дали таа носи позитивни или негативни вести. Ќе ви бидат потребни самокритични работници кои ќе ви помогнат и вие да успеете да си ги пронајдете грешките. Приватните проблеми средете ги со низок тон, не го покачувајте тонот на вашите драги лица.

Јарец  (22.12 – 20.01)

Верувате дека можете целата околина да ја убедите да постапи на ваш начин. Некој нема да ве сфати сериозно па ќе си поигра со вашите планови. Неискреноста од блиските лица буквално ќе ве сруши. Денот е премногу напорен за стабилни чекори. Смирете се и почекајте поповолен период.

Водолија (21.01 – 19.02)

Многу убаво ќе се чувствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. За сите кавги во семејството вие ќе пронајдете одлично решение.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични ве очекува ден исполнет со љубов и разбирање.

макфакс

СТОП! ИМАМЕ УШТЕ ИНТЕРЕСНИ СОДРЖИНИ ЗА ВАС: