Дневен хороскоп (11.10.2016)

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Во прашање се екстремни промени периодов, како позитивни, така и негативни. Мора да се изборите со овие турбуленции иако за тоа нема да имате сила, барем не викендов. Доколку ви се допаѓа една Девица, не губете време. На некој сте му по малку иритантни со вашето однесување

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку до сега ви беше празен паричникот, не очајувајте, следува период кога ќе го наполните. Морате да почекате на подобра прилика од моменталната симпатија која ви се додворува на отворен начин. Ќе бидете во одлично расположение за некое време. Можни се проблеми со пределот околу вратот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Колегите на работа ви се од голема помош, можете слободно да се потпрете на нив. Покрај себе имате исклучителна личност која умее да ја цени вашата посветеност. Отворената комуникација со партнрот во суштина многу ќе ви годи.

Рак (22.06 – 22.07)

Не морате на никого да му се правдате за вашите постапки. Имате одлична идеја која ќе биде ваша ѕвезда водилка. Доколку сте сингл, излезете, во вечерните часови има шанси да се запознаете со личност која долго ќе ја паметите. Обидете се да се дистанцирате од негативни личности.

Лав (23.07 – 22.08)

Доколку не успеете да се изборите со своето его може да имате поголеми проблеми во комуникација со колегите. Чувајте се од изненадувања особено непријатни. Вашата емотивна страна е она на што сте спремни да се жртвувате што се однесува на време и комуникација на која сте во суштина многу спремни во последно време.

Девица (23.08 – 22.09)

Умеете да ја претворите во пари вашата идеја, и ќе успеете во тоа. Имате солидни шанси да запознаете некоја личност, но комуникацијата ви е малку лоша. Морате да обрнете внимание на зборовите кои сте во состојба да ги изговорите.

Вага (23.09 – 22.10)

Не сте единствени кои не умеат да се соочат со вистината која боли. Сакате комфор но не го доживувате во голема мера, Морате да ги засукате ракавите овој пат, шефот може да ве награди. Можеби се уште не сте спремни на поголем емотивен предизвик, но секако сте на пат кој ветува средба, а е многу подалечен отколку што мислите.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку одите со мислите за пари, никогаш нема да ги стигнете бидејќи се побрзи од вас. Своите цели ќе ги промените за некое време. Може страшно ќе се заљубите во личност која е блиску до вас и која често мисли на вас. Тоа би можела да биде личност родена во знакот Бик.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Од вас се очекува поголема колегијалност, и на некои работи мора да сметате како на поголем предизвик а не губиток. Сакате да се забавувате. Можеби викендов ќе бидете во друштво кое ќе ве цени поради вашиот шарм и отворениот став кој го имате. Вознемирени сте.

Јарец (22.12 – 20.01)

Јарец Сакате да го имате главниот збор, но не се насочувајте кон оние сегменти кои не ви носат пари. Ќе бидете доволно љубезни кон една личност која ве избегнуваше Треба да го направите првиот чекор. Ослободете се од предрасудите.

Водолија (21.01 – 19.02)

Не сакате да трпите авторитет, Доколку сакате да останете на моменталната позиција морате да се прилагодите на другите луѓе. Солидна врска ви стои на патот. Доколку ви се допаѓа некоја Скорпија очекувајте многу нови предизвици, бидејќи имате позитивна енергија која ве понесува овој пат.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе размислувате за заминување надвор од државата. Имајте на ум дека тоа што го посакувате може да ви се оствари. Доколку сте заљубени во партнерот не е на одмет да помислите на заеднички живот. Здравјето ви е стабилно.

СТОП! ИМАМЕ УШТЕ ИНТЕРЕСНИ СОДРЖИНИ ЗА ВАС: