Дневен хороскоп (17.10.2016)

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Нечија посета од друг град ќе ве развесели. Ако сте во сериозна врска, можни се разговори за брак, потомство или почеток на заеднички живот. Доколку постојат луѓе кои ве исцрпуваат до крајната граница на издржливост, време е таквите да ги оддалечите од својот живот

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку планиравте шопинг или некоја друга активност која вклучува излегување од дома, ќе бидете спречени од ненајавена посета или куќни обврски. Се двоумите помеѓу две љубовни прилики, а вашата неодлучност ќе ги влоши веќе заплетканите чувства

Близнаци (22.05 – 22.06)

Анализирајќи ги своите неодамнешни постапки и дела, ќе дојдете до подлабоки сознанија за себе и својот живот. Денот посветете си го себеси, одвојте неколку саати само за вас. Тоа ќе ви помогне да ја вратите изгубената енергија.

Рак (22.06 – 22.07)

Тешко ќе се опуштите, мислите ќе ви бидат насочени кон неодманешните случувања на работа, ќе размилувате каде сте згрешиле. Партнерот може да се чуствува запоставен. Не го исклучувајте од вашите проблеми, споделете ги со него и ќе биде среќен што може да ве советува и да ви помогне.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете посакуван гостин во друштвото и зрачите со шарм. Со сите добро ќе се согласувате и ќе создавате нови, интересни познанства. Вашата самодоверба ќе остави добар впечаток кај личност која ви е вам многу важна, па не се исклучува можноста токму денес да започнете нова врска.

Девица (23.08 – 22.09)

Не дозволувајте да ве совлада нерасположението. Опуштете се во добро друштво кое ќе измами насмевка на вашето лице. Денес избегнете приговарања со партнерот за да не дојде до поголема расправија.

Вага (23.09 – 22.10)

Доколку вашиот партнер се грижи за некој проблем, вие ќе знаете паметно да го решите. Ќе примите интересен телефонски повик, а можно е да ја сретнете личноста која ви се допаѓа.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не дозволувајте нерасположени личности да ви го расипат денот. Дружете се со оние кои се весели, затоа што со нивната позитивна енергија влијаат на вас. Доколку наидете на производи со поволни цени, водете сметка да не ја преминете границата на трошење. Доволно сте изложени на трошоци, па внимавајте.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете полни со енергија. Долго не сте ги виделе своите пријатели, изненадете ги со телефонски повик. Можно е да договорите излегување и притоа одлично да се забавувате, прераскажувајќи анегдоти од својот живот.

Јарец (22.12 – 20.01)

Повеќе ќе ви одговара осаменост, слушање музика или читање некоја добра книга. Покрај малите несогласувања, љубовните случувања ќе бидат позитивни. Немојте да се жалите и приговарате и кога се е во ред. Можни се мали здравствени проблеми поради насобраниот стрес. Одмарајте!

Водолија (21.01 – 19.02)

Без оглед на обврските, потрудете се да поминувате повеќе време со партнерот. Вечерните часови поминете ги во дружење и споделување мислења и чувства. Пружете рака за примирје со пријателот со кој не сте во најдобри односи, време е да престанете да се лутите еден на друг.

Риби (20.02 – 20.03)

Имате чувство дека премногу вложувате и се жртвувате. Во односите со партнерот ќе бидете попопусливи и потолерантни. Уште еднаш размислете за исправноста на некои одлуки.

 

СТОП! ИМАМЕ УШТЕ ИНТЕРЕСНИ СОДРЖИНИ ЗА ВАС: