Дневен хороскоп (23.11.2016)

zodiac-signs02

Овен

Со вашиот партнер никако не ќе можете да се усогласите. Треба да го менувате или партнерот или нешто во односот кон него. Бидејќи второто е поприфатливо, смирете се и наместо на секој негов збор да реагирате бурно и непромислено обидете се да премолчите.

Бик

Денешните состојби со работата ќе ве нервираат многу и ќе ве прават агресивни, но тоа не е толку страшно затоа што веднаш потоа доаѓаат позитивни промени и смирување. Во средбата со вашата сакана личност ќе биде нагласена интимноста и меѓусебното разбирање.

Близнаци

Почнете да ги извршувате започнатите работи. Концентрирајте се на проблемот кој веќе подолго време го одбегнувате. Ќе успеете да решите само дел од натрупаните проблеми кои ви причинуваат емотивни штети проследени со променливо однесување.

Рак

Од настаните ќе го извлекувате максимумот, но ни со тоа немојте да се задоволувате. Вие можете повеќе и подобро. Наскоро ќе имате сериозно преиспитување со постигнатите резултати. Морате да бидете јаки за да можете да се соочите со вистината.

Лав

Идеалистички сте расположени, но тоа не ве спречува ефикасно да ги решавате практичните проблеми. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротивстави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право.

Девица

Ќе бидете во хармонија со своите блиски, и ќе ви се врати ведриот дух. Не трошете многу енергија и не полемизирајте со никого, дури и ако бидете предизвикани. Бидете поискрени со вашите пријатели. Ако сакате да внесете нешто ново, било да е тоа на работното место, или во љубовта ова е одличен ден.

Вага

Навистина сте успеале да постигнете рамнотежа и тоа на сите полиња: полни со елан, добро здравје и нормално љубов која ви ја дарува саканата личност. Работата некако паѓа во втор план. Ве очекува многу среќа и радост, така да не треба да го губите времето на споредни работи.

Скорпија

Денеска ќе бидете доста повлечени и напнати. Некои од вас ќе добијат желба да се подалеку од другите, односно да се повлечат со своите мисли. Ве очекуваат пријатни изненадувања на сентиментален план, но само ако ја вратите ведрината на вашето лице и ако се дружите.

Стрелец

Нова љубов, деца, спорт и забава – ова ќе бидат работите кои ќе ве интересираат во текот на денот. За сето тоа енормно ви расте интересот. Доколку тврдоглаво настојувате да го реализирате тоа што не е можно, за вас ќе биде многу непријатно и може лошо да се одрази врз вашата здравствена состојба.

Јарец

Постапувајте практично во животот за да можете загубите да ги сведете на минимум. Ќе спасувате се што можете да спасите. Време за губење немате. Само со јасни погледи можете да ја постигнете целта во спротивно ќе имате недоразбирања со околината.

Водолија

Интензивно ќе работите на пронаоѓање на ново работно место, нови деловни партнери или пак на евентуално напредување на работното место. Ќе ви бидат нагласени интелектуалните способности како и амбициозноста и самодисциплината.

Риби

Иако од желбата за наметнување на сопствените убедувања на околината и на партнерот имате само штета сепак тоа е појако од вас. Моментално таа ваша гордост е голема препрека во вашето функционирање. Пожелно е понекогаш да глумите беспомошни.