Дневен хороскоп – 25.04.2016

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Сентиментално сте расположени, пристапни не само за туѓи проблеми туку и за туѓите расположенија. Па затоа одбирајте поведри луѓе, смејте се и радувајте се бидејќи тоа е вистинскиот лек за вашата душа. Луѓето со негативна енергија одбегнувајте ги – само можат да ви наштетат.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Некоја деловна понуда многу ќе ве заинтересира, но одлуката ќе биде тешка. Енергијата ви е на ниско ниво, па затоа ве советуваме да не се напрегате премногу. Материјалната состојба нема да ве загрижува. Во љубовта бидете потолерантни ако сакате да ја сочувате.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве советуваме да бидете што поотворени кон другите луѓе, особено кон оние кои многу ви се важни. Ако нешто не ве остава на мир или поради нешто сте нерасположени, сега е вистински момент да промените нешто. Ова е одличен ден за проучување и самоанализа.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Би било идеално ако можете денска потполно да се посветите на работниот живот. Морате да заборавите на се што ве измачува и потполно да и се посветите на работата. Иако на почеток нема да видите резулатати сепак издржете и не се разочарувајте.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Некои работи ќе ве прават доста немирни и ќе ви создаваат фрустрации, но ќе имате и причини за задоволство. Ќе имате добри контакти со важни луѓе, а некои ќе се обидат да ви помогнат, па затоа е многу важно да можете да ги препознаете добрите намери

 

Девица (23.08 – 22.09)

Извршувањето на работните задачи ќе ви одземе поголем дел од денот, а слободно време ќе имате малку. Побарајте помош ако ви е потребна. Односите со партнерот ви се на добро ниво, особено ако е личност родена во вашиот знак.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе имате многу контакти, средби и сето тоа целосно ќе делува врз вашато расположение. Ќе имате можност за некоја промена што со задоволство ќе ја прифатите надевајќи се на поголема заработувачка. И нема да згрешите.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе ви излезат некои непланирани работи на професионален план. Тоа од вас ќе бара многу енергија и трпение. Но не очајувајте, ве очекува награда од претпоставените. Можни се некои помали финансиски издатоци. Што се однесува до љубовта се е во најдобар ред.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекува разврска на емотивното поле. Денов е добар и за нови почетоци во љубовта , па соберете храброст и пријдете и на личноста која ве привлекува. Што се однесува до деловното поле тука постои можност за потпишување на договори, трговски зделки или пак можеби некое пократко патување.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можностите за деловен успех и професионален напредок денес ви се исклучително поволни, само треба да најдете најдобар начин да ги искористите. Ако сте амбициозни и имате силна волја и јака дисциплина успехот ви е загарантиран. Со партнерот и пријателите добро ќе се разбирате.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во кариерата ви нараснуваат проблемите. Доаѓате до една таква состојба во која не ќе можете да излезете на крај со обврските. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажете од нешто.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Контактите ви се подобруваат особено со соработниците и претпоставените. Секако дека треба да е присутна извесна доза на претпазливост. Ве очекуваат некои промени во блиската околина. Прифатете се иако не ви се допаѓа- нема да зажалите.

 

СТОП! ИМАМЕ УШТЕ ИНТЕРЕСНИ СОДРЖИНИ ЗА ВАС: