Дневен хороскоп – 31.03.2016

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

На необичен начин се обидувате да ги промените деловните случувања. Можни се пријатни изненадувања во љубовта, особено доколку неодамна сте запознале некоја личност која многу ве интересира. Ве оптеретува зголемениот крвен притисок.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Успехот е загарантиран доколку се занимавате со приватна работа. Успеавте да се стабилизирате и многу нешта кои се случуваат да ги прифатите. Љубовниот живот е токму онаков како што сакате. Здравствената состојба ви е добра.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не ви се советува да се зближувате со некои лица кои од неодамна ги познавате. Понекогаш сте лаковерни. Ве очекува зближеност во домот и со блиските, а тоа е одличен момент да покажете повеќе чувства.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Премногу одолговлекувате кога станува збор за завршување на работата. Вие во моментов најдобро се разбирате со своите најблиски соработници. Ако не сте во добри односи со партнерот, не ја влошувајте ситуацијата со некои постапки кои дополнително ќе го изнервираат.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не оди се според планот и онака како што сте си замислиле. Прилагодете се на дадените околности. Ја немате потребната поддршка од партнерот. Склони сте на бес, нервоза, ироничен став и затоа сте во таква состојба. Проверете ја здравствената состојба.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете разочарани од лицето со кое сте го делеле и лошото и доброто. Ќ морате да се издигнете над моменталната ситуација. Ве очекува пријатна ситуација кога станува збор за љубовта. Можна е маланхолија и нерасположение.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Подготвени сте да се соочите со лицето кое веќе подолго време ви прави одредени проблеми. Ве очекува нова љубов. Обрнете внимание на здравјето, особено ако страдате од хронични тешкотии и проблеми со срцето и крвните садови.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вие сте голем борец и не се откажувате од започнатите работи. Можна е нова и успешна деловна соработка. Мечтаете за некоја врска од минатото или за можноста да се впуштите во тајна авантура со некое лице. Обрнете му внимание на физичкиот изглед.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате нова деловна понуда и поволности кога станува збор за склучување на договори кои се многу важни за вашата иднина. Чувајте ги своите работи кои се вредни, можно е некој да се обиде да ви ги украде.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Го давате својот максимум, а резултати нема. Размислувате за пат во странство или за поголемо ангажирање. Добро се согласувате со огнените знаци, особено кога станува збор за љубовта. Чувајте се од нервози, можна е минлива несоница.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Некој близок на вас многу ќе ви помогне. Можен е успех, само би требало да бидете далеку поамбициозни и посконцентрирани на она што го работите. Ве оптеретува нерасчистениот однос со партнерот. Можни проблеми со црниот дроб.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Кавгаџии сте и очекувате премногу од вашата околина. Многумина ве критикуваат со причина. Во односот со партнерот е потребно да покажете малку повеќе волја и работите ќе се завртат во ваша корист. Изгледате добро, така и се чувствувате.